41 казна за неносење маска вчера во Куманово

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10.02/11.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 89 лица не ја почитувалe, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од издадените прекршочни налози биле напишани во Куманово 41, во Крива Паланка 31 и во Кратово 17.