67 казни за неносење маска, едно прекршување на полицискиот час

Кумановската полиција напишала шеесет и седум казни во текот на изминатото деноноќие поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, а едно лице го прекршило полицискиот час. На ниво на секторот за внатрешни работи Куманово бројката изнесува 101 лице, од кои во Крива Паланка и Кратово по 17.