69 казни за неносење маска и две прекршувања на полицискиот час во Куманово
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (17.03/18.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 102 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 69, во Крива Паланка 14 и во Кратово 19.
За истиот период 3 лица не ја почитувале забраната за движење, од кои 2 во Куманово и 1 во Крива Паланка. За сите ќе следуваат соодветни мерки.