78 казни за неносење маска во текот на ова деноноќие
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24.03/25.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 119 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се од Куманово 78, во Крива Паланка 26 и во Кратово 15.
За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.