Вкупно 89 казни вчера биле напишани во Општина Куманово од страна на полициските службеници, по основ на непочитување на законската обврска за неносење заштитна маска на лицето.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 134 лица не ја почитувалe. Најголем број од издадените прекршочни пријави се во Куманово 89, во Крива Паланка 27 и во Кратово 18.
За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.