„За 4 години во областа на инфраструктурата, реализирани се повеќе од 200 проекти“, рече на денешната прес-конференција Цветанка Ивановска, кандидат за советник во идниот совет на општината. Ивановска, посочи дека во наредниот период имаат цел да направат модернизација и проширување на урбаното водоснабдување, фекалната и атмосферската канализација, со што ќе се намали бројот на дефектите, интервенциите на терен и загубата на вода, а ќе се обезбеди чиста и квалитетна вода за пиење.
-Покрај ова, во проектите за комунални дејности предвидуваме: – Реконструкција на водоводна мрежа на улица „11 Ноември” до населба Бедиње. Изградба на водоводна мрежа и фекална канализација на „Јоско Илиевски” покрај градскиот парк до стадион Башкими. Изградба на фекална канализација со мини прочистителна станица на локалитет Бејтови ниви. Изградба на фекална канализација во населба Иго Тричковиќ. Реконструкција на водоводна мрежа на улица „Никола Тесла” до село Долно Којнаре по цела должина. Во село Романовце ќе изградиме фекална канализација со прочистителна станица. Планираме довршување на фекална канализација и асфалтирање на истите улици во село Лопате, како и довршување на фекална канализација во село Режановце и село Горно Којнаре, рече Цветанка Ивановска, кандидат за советник „За наше Куманово“
Изградба на улици и одржување на постоечките системи за водоснабдување во селата во поранешните општини Клечовце и Орашац, решавање на проблемот со водоснабдувањето на селото Пчиња и асфалтирање на главните улици, пробивање и трасирање на патот од Пчиња до селата Вакв, Винце и Длга се дел од проектите што ќе бидат реализирани од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.
– Изградба на патот од Агино село до село Брзак и пробивање на патот до с. Романовце. Изградба на главниот фекален колектор од Куманово до село Четирце – Табановце – Сопот. Изградба на фекален систем со мини прочистителни станици во селата Умин Дол, Ново село и Љубодраг. Нашиот план е асфалтирање на сите улици во централно градско подрачје и на територија на урбаниот дел на градот. Изградба на фекална канализација и улици во населбите Карпош, Ајдучка Чешма, Иго Тричковиќ. Ќе го ставиме во функција фекалниот систем во село Тромеѓа и ќе изградиме улици во селото. По големата победа ќе следува и асфалтирање на сите улици во централно градско подрачје и на територија на урбаниот дел на градот, рече Ивановска.
Како граѓанска иницијатива „За наше Куманово“ ќе работиме неуморно за подобрување на општината, за похуман град, за развиени општини, рече Ивановска повикувајќи ги граѓаните да им дадат поддршка во вториот круг од изборите.
