(ВИДЕО)НРЦ со набљудувачи на локалните избори

Изборниот процес годинава го набљудуваат десет домашни набљудувачи од Националниот ромски центар. Поради пандемијата, бројката на набљудувачите од НРЦ годинава е многу помала споредбено со претходните изборни циклуси во државата.

Директорот на НРЦ, Ашмет Елезовски ги повика граѓаните в недела да го остварат своето право на глас, да не се плашат од никакви притисоци доколку ги има, бидејќи целиот изборен процес се одвива под будното око на набљудувачите.