Заклучно 09:30 часот во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 4,26% од гласачите, односно 3.639 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Податоците се базираат на обработени 92,81 отсто од избирачките места, односно 155 места.
Споредено со излезноста во исто време со првиот круг, се бележи зголемување бидејќи тогаш до 9:30 часот своето право на глас го оствариле 2,54% од гласачите, односно 283 лица.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани.
