Изборни нерегуларности или други поплаки може да се пријават во полиција на 192, во ДИК на бесплатниот број 0800 555 44, како и кај Народниот правобранител на 0800 54321. Институцијата на народниот правобранител ќе има и дежурни во 6 регионални единици во Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и Куманово.
Броеви за пријавување нерегуларности
Полиција: 192
ДИК: 0800 555 44
Народен правобранител: 0800 54321
Куманово: 031 431 488
Според законската регулатива, сите граѓани кои ќе имаат недостаток на документи или невалидност на документи, нема да имаат проблеми да гласаат, бидејќи секторот за обезбедување документи за идентификација ќе работи до 19 часот на денот на изборите.
Исто така, ДИК, преку измените во септември во Изборниот законик, им овозможува на оние граѓани на кои им истечеле личните карти да го остварат своето избирачко право, од денот на распишување на изборите до денот на гласањето. Додека, според член 149 од Изборниот законик, денеска ќе можат да гласаат и оние лица кои не можат да се најдат во Избирачкиот список, но кои ги исполнуваат условите загарантирани со закон, односно доколку имаат валиден документ за идентификација и се над 18 години.