ЦИВИЛ регистрирал неколку неправилности на изборниот процес

Неколку неправилности се регистрирани на гласачките места низ Куманово од страна на набљудувачките на невладината организација ЦИВИЛ која врши мониторинг на изборниот процес.

Како што беше истакнато на нивната прес-конференција на избирачко место 1070 се соочиле и со опструкција нивните набљудувачи.

Ова се дел од нерегуларностите од извештајот:

На ИМ 1026/1 во ОУ „11 Октомври“ – членот на ИО, В. Т., додека гласачот бил на ФП апаратот, именуваната извадила телефон за да го слика гласачот. После тоа, му рекла: знаеш дека треба да заокружиш конкретно бројче.

На ИМ 1001,  ОУ „11 Октомври“  – гласачките паравани се наместени на тој начин што од прозорецот може да се види кој што заокружува зад параванот.

На ИМ 1073, Гимназија „Гоце Делчев“ – прекинато е гласањето 8 минути поради приговор на партиски набљудувачи заради не броење на гласачки ливчиња.

На ИМ 1073, Гимназија „Гоце Делчев“ – гласачко лице од вчера од болен од Ковид-19 сè уште стои на страна, ќе го ставаат во кутија вечер.

Гимназија „Гоце Делчев” (главен влез), ИМ 1074, компјутер со камера е свртен директно кон влезната врата и гледа во ИО, во набљудувачите и во гласачите кои влегуваат во ИМ. Не може да се забележи дали камерата е вклучена или не. Во Куманово, школска амбуланта, ИМ 1069, низ амбулантата има безбедносни камери кои не се покриени/заштитени и не е јасно дали се во функција и снимаат. Дел до камерите буквално имаат увид и зад гласачките паравани.

ЈП Водовод – голема сала, ИМ 1016, на набљудувачот од ЦИВИЛ, му биле побарани дополнителни документи за легитимација и е попречуван во набљудувањето – не му е дозволен пристап до ИМ, а како причина е наведен малиот физички простор и ковид протоколите, информира Џабир Дерала од ЦИВИЛ.