17 новозаболени и две починати лица од КОВИД-19 во Куманово во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира за регистрирани 490 нови случаи на КОВИД-19 во изминатите 24 часа на ниво на државата, од нив 17 новозаболени во Куманово.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и 9 починати лица, меѓу нив 2 починати лица од Куманово (88 г. и 76 г.).

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени  се 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021, меѓу нив едно лице од Куманово.

Според последните податоци, бројот на активни случаи во земјава изнесува 8.281.