Наташа Додевска, сопственичката на Фризерското студио и Академијата „Нате“ освои второ место за вечерна фризура на Интернационален фестивал во Рим, Италија.

„На фестивалот учествуваа преку 300 фризери од цела Европа, а имаше преку 3.000 посетители во публиката. Поради големата конкуренција се работеше под притисок, но сепак се исплатеше поради постигнатиот резултат. Многу сум горда на својот успех. Овој период е многу значаен за мене. Годината ќе ја паметам по големите резултати во мојата кариера. Од Академијата излегоа 40 фризери што покажува дека младите имаат желба да го учат овој занает и да градат кариера во фризерството“, изјави Додевска.


