Струмичанка со фалсификуван ПЦР тест на Табановце

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против 46-годишна струмичанка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, на 20-ти ноември 2021 година на граничниот  премин „Табановце“ пријавената приложила фалсификуван ПЦР тест.