Во организација на здружението „Инклузива “ , а со поддршка на хумани граѓани од Скопје, денеска беa поделени новогодишни пакетчиња на 44 стипендисти од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и на 20 мали и млади членови.
Пакетчињата на децата со попреченост им ги врачи Дедо Мраз во фоајето на центарот за култура „Трајко Прокопиев“.