Денеска е Бадник, утре е Божиќ

За православните христијани денеска е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејтството.

Бадниковата вечера, која е посна, треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него. Во нашиот регион, обичај е на Бадниковата вечера да се дели лепче со паричка, а верувањето е дека оној на кого ќе му се падне паричката ќе го следи среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.

Утре е Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос.

Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На Божиќ му претходи четириесетдневен пост. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.

Коментари

коментар(и)