Изгореа подрумите на семејна куќа во Младо Нагоричане

Подрумскиот простор на семејна куќа во село Младо Нагоричане изминатата ноќ бил опожарен, од засега непознати причини.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот го гаснеле екипи на Територијалните противпожарни единици од Куманово и Старо Нагоричане.

Изгорени биле подрумските простории, а огнот пожарникарите успеале да го ликвидираат за два и пол часа.

Како што додаваат од РЦУК, причинета е поголема материјална штета, чија висина, заедно со причините за избувнување на огнот, допрва ќе се утврдуваат.