Температурните разлики – штетни за граѓаните

Во пресрет на топлотниот бран кој што се најавува од метеоролозите, лекарите со препораки до граѓаните како полесно да ги надминат големите температурни разлики. Многумина се чувствителни на влијанието на климата и многу тешко ги поднесуваат брзите промени на временските услови кои можат негативно да влијаат на расположението и здравствената состојба на човекот. Лекарите посочуваат дека при промена на времето општа слабост и болки во одредени делови на телото чувствуваат и лицата кои што немаат здравствени проблеми, а што се однесува до граѓаните со хронични заболувања, тегобите како што се висок крвен притисок, срцеви проблеми, проблеми во мускулите и коските се влошуваат при температурни разлики.

-симптомите кај метеоропатите може да се поделат во три групи, психички-  замор, нагли промени на расположението, намалена концентрација, физички – главоболка, мигрена, мачнина, вртоглавица и влошување на срцевите тегоби- забрзана работа на срцето , чувство на срцебиење  или зголемување на крвиот притисок,  изјави Фатмир Асани, претседател на Здружение на приватни лекари во Куманово

Експертите предупредуваат дека чувствителноста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното општество. Иако најзагрозени се лицата над 40-ина години , особено жените, сепак метеоропатијата ги погодува сите категории, од најмладите до највозрасните. Современото живеење , кое во најголем дел од денот се одвива во затворени простории ја намалува способноста на организамот  за природно прилагодување на различните временски услови,  вели Асани. Затоа е потребно што повеќе време да се поминува во природата.

-Поминувајте повеќе време на отворено, секојдневно вежбајте најмалку половина час, метеоропатите не треба да претеруваат со земање лекови за да ги ублажат тегобите, да се користат чаеви , хранете се здраво , повеќе овошје и зеленчук, пијте поголеми количества вода и доволно спијте, советува  Асани

Срцевиот удар одамна се смета за една од болестите што може да настанат поради атмосферските услови особено кога притисокот на воздухот е намален , во зимскиот период. Но, промената на климатските услови силно влијае и на лицата со ревматски заболувања, тогаш чувствуваат поинтензивна болка и поголема вкочанетост. Лекарите порачуваат сите хронично болни секојдневно да ја следат биометеорлошаката прогноза и редовно да ја земаат препишаната терапија, а доколку им се влоши состојбата да се јават кај матичниот лекар. А еден од начините да се намалат последиците од временските промени е да се пијат поголеми количества вода и доволно да се спие.

 

Коментари

коментар(и)