ВИДЕО: Вечерва се слави Стара Нова година, утре е Василица
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Стара Нова година, а утре се празнува Василица.
Со Василица се поврзуваат повеќе обичаи кои се практикувале во минатото во Куманово, но, денеска најголем дел од нив се исчезнати. Еден од обичаите кој се практикуваше во кумановското село Орашец до пред десетина години е ритуалната игра наречена џамала, која м-р Анита Стојчевски, кустос советник етнолог во НУ Музеј успеала да ја сочува од заборав преку документарен филм. Речиси единствен обичај кој останал и во денешно време е подготовка на качамак или бареница со пченкарно брашно.
-Василица спаѓа во еден од најзначајните празници во циклусот на зимски празници. Изобилува со многубројни обичаи, обреди, гатање со цел да се постигне среќа и здравје на семејството, добар посев и здравје на стока и живина. По стариот календар се празнува на први јануари, додека по новиот на 14-ти јануари и го означува обрежувањето на Исус Христос. За овој празник се сврзани многу обичаи, при истражувањето за село Орашац наидов на една ритуална игра, т.н џамала која пред многу години беше актулена, во селото и градот. За жал, оваа игра сега е во изумирање на постои, но сепак би кажала за обичајот. Овој обред исклучиво од машки лица кои што се маскирани во зооморфни и антропоморфни облици. Инаку, спаѓа во периодот на 12 некрстени денови, за кои се верувало дека царуваат лошите сили, зли духови и демони во самото село и сите овие игри биле изведувани за да се донесе напредок на селото, семејството како и добар посев. Доколку маската била пострашна тие верувале дека со тоа ќе го изгонат лошото суштество. За овој празник беше изработен и документарен филм каде навистина бев присутна на самото место на изведување, маските ги подготвуваа месец дена порано, во самата игра учествуваа зет невеста, баба, старец и разни маски изработени од овчја кожа, лицето го црнеа, самиот обичај почнуваше во раните утрински часови, одеа од куќа на куќа, пее џамаларски песни изведуваа разни ритуални игри а домаќинот ги даруваше со брашно, ракија, овојшје. Откако ќе завршеше овој обред, пред самиот крај на денот се собираа пари од кои што се правеше гозба или пак купуваа икона за манастирот свети Илија. Една година беа дојдени и во градот, тоа беше атракција, за да може населението да го запознаеме со нашите обреди и обичаи. Имаше обичај порано ако се сретнат двете групи од Пчиња и Орашац, се случувале и тепачки па имало и починати луѓе и денеска постојат џамаларските гробишта во село Орашац. Овие ритуални игри се познати низ цела Македонија, но под други имиња како бабари, ешкери, вмпери, и мислам дека и денеска се изведуваат за самиот празник Василица. Навистина ми е жал што овој обичај кај нас е исчезнат, но јас имав среќа да го забележам со камера и тој остана во нашата архива во нашиот музеј. Обичаи во врска со трпезата со јадењето, денеска се подготвува бареница, или качамак, виното и ракијата се секогаш присутни, овошјето, со некоја верба за берикетна година.
Воедно ја користам приликата да го честитам празникот Василица, да посакам успешна среќна година, да има мир помалку војни и именденот да го честитам.
За обичајот со паричка кај нас е за Бадник.
Ние во нашиот музеј имаме обичај на денешен ден да делиме лебче со паричка и оној кој ќе добие ќе биде кум.
Етнологијата и фолкорот се едни од најзначајните аспекти во начинот на истражување на нашето богато културно наследство и реактивирање на минатото и начинот на кој што духовно се изведувале сите овие обреди и ритуали во секојдневието и културата на живеење, изјави м-р Анита Стојчевски, кустос советник етнолог во НУ Музеј