Ноќеска, еден час по полноќ, 34- годишна жена од кумановско село пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот малолетен син, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 55 -годишен кумановец, затоа што бил затекнат во обид да одземе производи во продажен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, соопшти полицијата. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.