Кумановка се здобила со повреди од струен удар на работно место, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според информациите од полицијата, вчеравечер во 19:20 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош е пријавено дека кај нив со повреди од удар од струја, била донесена Д.М.(41) од Куманово. Според пријавеното, со повредите се здобила додека извршувала работни задачи во угостителски објект на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, соопштија надлежните.