Од страна на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат, градежна инспекција при Општина Куманово, поведена е инспекциска постапка за отстранување на времени објекти поставени на КП 14229/1 и КП 14204/1 КО Куманово на локалитетот Табакана кој се наоѓа помеѓу булеварот „Октомвриска Револуција“ и улиците „Пионерска“ и „Фетка Наскова“.
Општина Куманово ги повикува сите сопственици на времените објекти кои не добиле записник и решение за отстранување од страна на овластениот градежен инспектор, да дојдат во просториите на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат Општина Куманово (канцеларија број 13 и канцеларија број 16 на улица Братство Единство број 18, Куманово до 31 Август 2026 година во период од 09:00 до 15:00 часот) и да достават доказ за сопственост на времениот објект поставен во локалитетот Табакана и лична карта на сопственикот на времениот објект.
Доколку странката не ги донесе бараните документи до 31 август ќе се смета дека се уредно поканети, а негативните последици кои можат да настанат ќе ги сноси сопственикот на времениот објект.
Општина Куманово известува дека од први септември 2026 година за сите времени објекти со непознат сопственик ќе се поведе инспекциска постапка за отстранување на времени објекти од локалитет Табакана на НН лица.