Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово
На 18.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 47-годишен кумановец затоа што физички го нападнал неговиот 23- годишен син и агресивно се однесувал кон неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 18.08.2026 во 20:30 часот во СВР Куманово, 45-годишен жител на село Сопот пријавил дека во селото неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.08.2026 во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 19-годишен кумановец затоа што физички го нападнал неговиот 45-годишен татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 19.08.2026 во 08:15 часот во СВР Куманово, С.Л. (29) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата мајка У.Л.(60) од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.