Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово
Вчера било пријавено дека на ул.„Дренак“ настанал пожар во патничко возило „шкода“, сопственост на државна институција. Од Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Вчеравечер околу 22:30 часот во полицијата од страна на Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете, кое испило бензин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 23:01 часот на ул.„Народна револуција“ полициски службеници лишиле од слобода жител на с.Биљановце, бидејќи управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирањена случајот, ќе следува соодветен поднесок.