МВР соопшти дека од вчера започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија.
Според МВР, на Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка.
„Со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички“, соопшти МВР.
Во посета на граничниот премин Табановце денеска беше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој истакна дека системот „Безбеден град“ и останатите мерки и активности што ги презема МВР во однос на зголемена безбедност во сообраќајот даваат видливи резултати.
Видеото со изјавата од министерот Тошковски по вестите во 18 часот.