Групата „Табиет“ од Свети Николе вечерва на градскиот плоштад ќе го отвори 22-то издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал, во 20 часот. Ќе настапат и кумановецот Виктор Димитриевски, Боби Амадеус, Наум Петрески и Нино Величковски, кој всушност е организатор на фестивалот.
На фестивалот ќе настапи и групата „Пљевља“ од Црна Гора заедно со солистката Нина Стругар, како и новосадскиот бенд „Ла Банда“.
Следните два вечери, на плоштадот ќе се одржи традиционалниот „Рома Труба Фест“.