Сојузот на просветни работници и Министерството за образование и наука денеска доделија признанија на тринаесет најдобри наставници и воспитувачи за учебната 2025-2026 година по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите.
На традиционалниот настан беа наградени просветни работници по категории, а постхумно признание му беше доделено на наставникот по математика Слаѓан Станковиќ – Битрак кој што беше дел од наставниот кадар во средното општинско техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово и во Математичко-информатичката гимназија во Скопје.
Признанијата ги врачија министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот на просветни работници, Жаклина Ристовска.