Со претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, која беше надвор од конкуренција вчеравечер заврши 29. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“, беа доделени награди во неколку категории за учесниците на фестивалот. Наградата за најдобар актер ја доби Висар Етеми од Албански театар Скопје, за најдобра актерка е прогласена Александра Срчаџиева од Сатиричен театар Софија, наградите за најдобра машка споредна улога ги добија Никица Јанковски и Давид Илиќ од Театар Куманово, за најдобра женска споредна улога – Нина Елзесер од Драмски театар Скопје, за најдобар млад актер е прогласен Марјан Наумов од Драмски театар Скопје, за најдобра режија – Марјан Георгиевски од театарот од Битола, за најдобра сценографија – Дуња Костиќ од театарот од Источно Сарајево, награда за најдобра костимографија доби Андреј Георгиевски од Народен театар Битола, награда за најдобра актерска колективна игра за претставата „Аматери“ на Театар Комедија – Скопје, а наградата за најдобра претстава ја доби претставата „39 степеника“ на Народно позориште од Источно Сараево.
Во текот на фестивалските денови настапија вкупно 10 театри од Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.
Видеото по вестите во 18 часот.