Карате клубот „Ронин Доџо“ одбележа успешен настап на меѓународниот карате турнир „Топлица опен 2026“, кој на 4 октомври се одржа во Прокупље, Србија. На турнирот учествуваа околу 400 натпреварувачи од Србија, Бугарија и Македонија, со учество на околу 40 карате клубови.
Во силна конкуренција, членовите на „Ронин Доџо“ освоија вкупно 10 медали – две златни, четири сребрени и четири бронзени.
Во дисциплината ката, со златни медали се закити Бојана Денковска, која триумфираше во јуниорска и сениорска конкуренција.
Сребрени медали во ката освоија Емил Миленковски, Петар Митковски и Милица Кипријановска, додека со бронзени медали се закитија Кирил Младеновски и Дамјан Стојановски во кадетска конкуренција.
Успехот продолжи и во борби, каде што Милица Кипријановска освои сребрен медал, додека Емил Миленковски и Кирил Младеновски се закитија со бронзени одличја.
Со освоените 10 медали, каратистите на „Ронин Доџо“ имаа забележителен настап на „Топлица опен 2026“, во конкуренција на голем број натпреварувачи од регионот.