Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18 часот на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 62-годишен државјанин на Австрија.
„При граничн аконтрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписл“, соопшти МВР.
За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.