Преполна сала со публика, распеани и разиграни дечиња, многу изненадувања, одлична атмосфера на петтото јубилејно издание на традиционалниот детски ТВ фестивал „Бисерчиња“, во организација на Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти Арт“ и ТВ Плус – Куманово.
Публиката во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ имаше можност да проследи 20 нови прекрасни детски мелодии, збогатени со креативни кореографии подготвени од балетските студија „Ултра“, „Динамик“, „Виртус“, „Fusion“, „Skill Factory“ и фолклорниот ансамбл „Срма“.
На јубилејното издание премиерно беше испеана химната на „Бисерчиња“, во интерпретација на Мартинијан Кириловски, Драгана Јовановска и фестивалскиот хор. Химна што испрати силна порака за другарството, заедништвото и љубовта кон музиката – вредности што го прават „Бисерчиња“ повеќе од фестивал.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово, а квалитетот на детскиот музички фестивал, од самиот почеток е препознаен и од општествено одговорни компании од Куманово.
Во проектот на „Мулти Арт“ и ТВ Плус досега учествуваа над осумдесет изведувачи на песнички, напишани од познати музички имиња, а снимени се и видео спотови.
Видеото со изјавите по вестите во 18 часот.