Основното општинско училиште „Магдалена Антова“ одбележува 37 години од своето постоење и 85 години од загинувањето на патронот.
По тој повод, претставници на училиштето, Советот на Општина Куманово, Секторот за образование, Амбасадата на Руската федерација во Македонија денеска положија свежо цвеќе пред бистата на Магдалена Антова- прва жена жртва на НОБ од кумановско, а во спортската сала се одржа свечена приредба подготвена од учениците заедно со своите наставници. Преку културно-уметничката програма составена од десетина точки учениците имаа можност на најдобар можен начин да го покажат својот талент, креативност и вложен труд во подготовките.
ООУ „Магдалена Антова“ во населбата Карпош започнало со работа во далечната 1974 година како подрачно училиште (I – IV одделение) во состав на ОУ „11 Октомври “, а во 1989 година продолжило со работа како самостојно училиште ОOУ „Магдалена Антова“ со ученици од I до VIII одделение.
„Креирање современа, квалитетна и ефикасна настава, приспособена според потребите и интересите на учениците со различна способност во која ќе се почитуваат разликите и личноста на ученикот“, е визијата на училиштето.
Повеќе детали за реализираните активности и одбележувањето на патрониот празник од изјавата на директорката на училиштето, Маријана Димитриевска.
Видеото по вестите во 18 часот.