На терените на ТК МТП – Скопје викендов на завршниот Мастерс турнир во тенис за јуниори и јуниорки до 16 години учествуваа Алексеј Стојановски, Стефан Дебрешлиевски и Марин Стефановски, членови на ТК Тумба од Куманово.
„Клупско кумановско финале на Мастерсот до 16 години. Во финалето ги гледавме Стефан Дебрешлиевски и Алексеј Стојановски. Поуспешен овојпат беше Стефан, кој го крена победничкиот пехар. Гала Трајковска уште еднаш покажа зошто е на врвот во својата категорија, освојувајќи го турнирот во портокалов тенис по победата над Каја Радески (ТК Југ) во финалето. Со одлични игри и голем потенцијал се истакнаа и Петар Насковски и нашиот најмал тенисер Јаков Петковски. Клубот упатува честитки до сите свои членови и на сите натпреварувачи кои сезонава се вклучија во натпреварувачкиот тенис, посакувајќи им уште поголеми успеси во иднина“, соопштија од ТК Тумба.