Јавното претпријатие „Куманово гас“ продолжува со нови приклучоци и ширење на дистрибутивната мрежа. Засега, 39 правни и 205 физички лица се приклучени на мрежата, информираат надлежните, а во тек се и проекти за проширување на дистрибутивната мрежа кон индустриските зони Новине и Речица и нови јавни објекти.
„Се подготвува и проект за нова дистрибутивна мрежа и мерно-регулациска станица на улицата „Индустриска“, со која треба да се опфатат и улиците „Железничка“ и „11 Ноември““, информира директорот Марко Митровски.