Општина Куманово ги повикува граѓаните да го пополнат онлајн анкетниот прашалник за креирање на буџетот за 2027 година и активно да се вклучат во процесот на негово планирање.
„Вашите предлози, идеи и приоритети претставуваат значаен придонес во креирањето на буџетот кој ќе одговори на реалните потреби на граѓаните и ќе придонесе за подобар и поквалитетен живот во нашата општина. Заедно да ги утврдиме приоритетите и да креираме буџет во интерес на сите граѓани“, пишува во објавата на Општина Куманово.
Анкетниот прашалник е достапен за пополнување заклучно со 7 декември 2026 година. Прашалникот е достапен на веб-страната на Општина Куманово.