Натпреварувачите од Школата за спортска гимнастика „Атлета“ од Куманово повторно остварија одлични резултати, освојувајќи медали и високи пласмани на Државниот натпревар во спортска гимнастика, во А програма (машка и женска конкуренција) и Б програма (машка конкуренција).
Во А програма – машки (поединечно) во категоријата помлади пионери прво место освои Ангел Трајковски, Илиан Стојановски – 2 место, Урош Радевски – 3 место.
Во категоријата постари пионери Јаков Стојановски освои 3 место.
Во Б програма– машки(поединечно) во категоријата на помлади пионери Војдан Крстевски освои 2 место, а прво место екипно.
Во категоријата постари пионери, Бојан Христовски освои 1 место, Даме Јаневски – 2 место, Симон Петковски – 3 место.
Во категоријата јуниори, Георгиј Мартиновски – 1 место, Михаил Додевски – 2 место, Глигор Трајковски – 3 место.
Во А програма – женска конкуренција (поединечно), второ место освои Лана Петковска во категоријата на помлади пионерки.
Фото: ФБ Школа за спортска гимнастика „Атлета“