Во Куманово е изведена претставата „Те чекам” во продукција на „Театар за тебе”- Скопје пред средношколци, наставници и стручни служби при кумановските средни училишта и претставници од општинската администрација.
Интерактивната дуодрама во режија на Изабела Јакимова е наменета за млади лица над 16-годишна возраст, која преку театарски пристап, отвора простор за разговор со младите за емоциите, менталното здравје и важноста на меѓусебното разбирање и поддршка.
Драмскиот настан е организиран од Општина Куманово, односно Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, во партнерство со организациите на граѓани ЦИД – Центар за интеркултурен дијалог, МултиКулти и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.