По повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово традиционално се одржува голем концерт на градскиот плоштад. Во организација на Фондацијата за култура и спорт, а со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово годинава концертот ќе се одржи на десетти ноември, со почеток во 19.30 часот.
На сцената ќе настапат познати музички имиња од земјава, од локални изведувачи до поп/рок дуото Некст Тајм.
За одбележувањето на Денот на градот одвоени се два милиона денари од општинскиот буџет.
