Општина Куманово објави јавен повик за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година. Како подносители на предлог-проекти можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност. Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, Одделение за култура и спорт, за Јавен повик од областа на културата 2027 година“, најдоцна до 26.11.2026 година.