Во тек е изградбата на улици во месноста Гладно поле, улицата „425“ во Иго Тричковиќ, „Братство и единство“, дел од улиците целосно се реконструрани, поставени се 23 т.н. лежечки полицајци, расчистени се 30 диви-депонии во првите шест месеци од годинава, соопшти раководителката на Секторот за комунални дејности Лидија Ланг Спасовска на седница на Советот, презентирајќи ги извештајот за извршување на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2026 година.
Видеото по вестите во 18 часот.