Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчеравечер во 19:10 часот, полициски службеници лишиле од слобода 54-годишен кумановец затоа што агресивно се однесувал и се заканувал кон неговата 30-годишна ќерка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 19.11.2026 во 15:23 часот во СВР Куманово, 24-годишен жител на село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане пријавил дека на улица „Гоце Делчев“ во Куманово бил физички нападнат од две лица, соопштија надлежните. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.11.2026 околу 10:15 часот на автопат Скопје-Куманово, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот П.Т. од Куманово, удрило во Н.М.(61) од Куманово, а потоа во патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кое претходно го запрел Н.М. поради дефект. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „цитроен“, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.