Институтот за јавно здравје информира дека во текот на 46-тата недела од 2026 година (09-15.11.2026), во Македонија пријавени се 154 случаи (I=8,4/100.000 жители) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип. Се забележува зголемување од 37,5% (n=112) во однос на претходната 45-та недела.
За споредба, во 46-тата недела од минатата сезона, регистрирани беа 117 заболени лица, што претставува зголемување од 31,6%, а во однос на моделот за последните 16 сезони (n=89), се регистрира зголемување од 73,2%.
Заболените лица оваа недела се регистрирани во Тетово – 49, Скопје – 38, Куманово – 19, Радовиш – 12, Велес – 8, Гостивар – 7, Прилеп – 5, Струмица – 3, по 2 во Ресен, Неготино, Охрид и Штип и по 1 во Гевгелија и Македонски Брод.
Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 102 лица, 22 лица на возраст над 65 години, 16 деца од 0-4 години и 14 деца од 5-14 години.
Оваа недела за првпат во сезоната е надминат прагот на вонсезонска активност (I=7,32/100.000) и се бележи ниска (сезонска) активност на грипот на национално ниво