Секторот за внатрешни работи Куманово викендов ги евидентираше следните настани.
43-годишен жител на Доброшане во сабота вечерта пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од 17-годишник, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Истиот ден претходно, на регионален пат во село Доброшане полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 21-годишен кумановец. Според полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки при што било констатирано дека возилото го управува без возачка дозвола.
Во саботата, лишен од слобода во Доброшане бил и 46-годишен кумановец, бидејќи при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки по што било утврдено дека возилото го управува по активна забрана.