Се продолжува со нови инвестиции во современа дијагностика во ЈЗУ Општа болница Куманово. Интерното одделение доби нов ехо-апарат за абдоминална дијагностика. Според менаџментот на кумановската бонлица, оваа инвестиција ќе обезбеди прецизна и современа ултразвучна процена на абдоминалните органи, подобри услови за работа на лекарите и медицинскиот персонал, поквалитетна дијагностика и следење на здравствената состојба на пациентите и континуирана модернизација на здравствената заштита во Куманово и регионот.
Ехо-апаратот е во вредност од 5.074.000,00 денари и е дел од вкупната набавка на медицинска опрема од 108.000.000,00 денари, овозможена од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Владата на Република Македонија.