Во Занаетчискиот дом утре напладне ќе се одржи завршна манифестација на проектот посветен на заедништвото, поддршката и охрабрувањето на учениците под наслов „Училиште со глас- училиште без страв“.
Проектот го реализира здружението „Доверба“ Куманово, во соработка со основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, а е поддржан од Општина Куманово.