Општата болница Куманово е опремена со 20 нови транспортни хируршки аспиратори за сукција со што значително се унапредуваат условите за работа на медицинскиот персонал и грижата за пациентите. Овие современи медицински уреди имаат особено значајна примена во операционите сали, обезбедувајќи подобра видливост и непречено изведување на хируршките интервенции. Нивната важност е голема и во постоперативното згрижување, а нивната преносливост овозможува нивна примена и при транспорт на пациентите, како и во различни болнички одделенија каде што е потребна опремата.
Претходните денови, за потребите на Одделението за неонатологија е набавен нов современ ултразвучен (ЕХО) апарат. Оваа инвестиција носи навремено откривање, процена и следење на здравствената состојба кај новороденчињата, зголемување на дијагностичките капацитети и унапредување на неонатолошката грижа, подобри услови за работа на медицинските тимови кои секојдневно се грижат за нашите најмали пациенти и посигурен почеток во првите, најважни денови од животот на секое новороденче. Ехо апаратот е во вредност од 5.074.000,00 денари.
