Во Гимназијата „Гоце Делчев“ успешно е реализирана третата работилница на тема „Креирање на ученички проект/иницијатива“, посветена на осмислување и планирање конкретни активности преку кои учениците активно ќе придонесат за подобрување на училишната средина.
„Преку заедничка дискусија, размена на идеи и интерактивни активности, учениците ги дефинираа приоритетите, ги утврдија потребите и ги испланираа активностите што ќе ги реализираат во наредниот период. Од идеја до конкретна иницијатива – учениците стануваат активни творци на позитивни промени во своето училиште“, објави училиштето.
Проектот се реализира под менторство на професорката Соња Тодоровска, со поддршка од менторката Александра Павловска, а е поддржан од Коалицијата на младински организации СЕГА, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Смарт АП.
Фото: СОУ Гимназија „Гоце Делчев“