Акција за бесплатно мерење шеќер во крв

По повод Денот на ослобдување на градот, како и 14ти Ноември, Меѓународниот ден на дијабетичари денес во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“  се одржа акција за бесплатно мерење на шеќер во крв.

Како што истакна Стефан Јовановски, претседал на Здружението на дијабетичари самата цел на акцијата е навремено да се открие дијабетот.

Во последно време почесто се менуваат стратегиите и старосните граници кога ќе отпочне со дијабетот, така да нема никакви граници. Во Македонија сум запознаен и дека има шест-седум месечно новороденче откриено дијабет, тие се инсулинсно зависни и веднаш с епреминува на инсулинска терапија, но за среќа во цела несреќа многу мал број е негде околу 10 посто околу 2000-3000 дијабетичари се со тип 1 до ниво на друга граница другиот тип двојка, се добива и открива негде после 30та година и може да трае до крај на животот – Стефан Јовановски, Здружението на дијабетичари

Според Мирослав Бошковски, лекар по општа медицина, денес е многу лесно да се открие дијабетесот доколку има интересе кај самите пациенти.

Многу лесно се открива дијабетесто ако има интерес од самите пациенти, сега со нвоата програма за откривање на превентивни заболувања и превентивни цели кај матичните лекари со самото јавување на пациентот кај матичниот лекар треба да се направи лабалаторија со тоа и почетно да се открие дали пациентот има дијабет или нема. Последиците може да бидат навистина големи, до они почетни промени кои што настануваат на микроциркулацијата па се до крајните последици како што е гангрена и оштетувањ ена бубрезите, срцето, мозокот и така натаму – изјави Мирослав Бошковски, лекар по општа медицина.

Како што велат дијабетичарите проблеми со инсулински терапии моментално нема, но во последно време недостасуваат игли и има проблем со исправноста на лентите, но тие настојуваат ваквите ситни проблеми да се надминат што поскоро.

Коментари

коментар(и)