Шеесет проценти реализиран буџетот за годинава

Советниците на вчерашната седница ja усвоија одлуката за измената и дополнување на буџетот на општина Куманово за 2016-та година, кој согласно законските прописи се донесува до 15-ти ноември во тековната година. Според раководителот на секторот за финансиски прашања, Ирена Илиевска,  ребаланс на буџетот се врши поради неколку причини. Како што посочи,  првата причина е поради вградување на салдата останати од претходната година по однос на завршните сметки кои влегуваат во буџетот од општината и општинските буџетски корисници за оние средства кои што како дотации доаѓаат од државата и од самофинансирачките активности.

-Втората причина е да се изврши усогласување со државниот буџет,каде беше извршен ребаланс и имаше промени во дотации кои се оснедуваа на социјалата,а третата е поради зголемување на донации и проекти за основни училишта, а главната причина можеби и првата е поради реализација на буџетот кој може да се види од кварталниот извештај каде вкупната реализаицја е 60 %, гледајќи ги сите сметки пооделно, изјави Ирена Илиевска, раководител на Сектор за финансиски прашања

Од коалицијата „За подобра Македонија “ повторно посочија  дека секоја година се донесува не реален буџет кој ги одразува  желбите  на општинската администрација.

-Има намалување на даночните ставки што се одразува и на кратење на средствата на клучните програми како се оддржување и изградба на патната и канализационата мрежа во Куманово, изјави Христина Краиновиќ, советник од ВМРО ДПМНЕ

-Буџетот беше предвиден на милијарда и осумстотини милиони евра,со измените на буџетот во даночните приходи од 503 на 360 милиони денари, од капитални од 199 на 73 милиони, само приходите од дотации се исполнет , изјави Мирослав Стојановски, советник од ВМРО ДПМНЕ

Советниците го усвоија и кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2016-та  година.

Коментари

коментар(и)