Градоначалникот Максим Димитриевски денеска изврши увид на депонијата Краста. По увидот, оствари средба со жителите на село Пчиња, кои протестираат поради состојбата со депонијата, при што беа разгледани нивните забелешки и загриженоста за состојбата на терен. Денеска се одржа и седница на Општинскиот кризен штаб, на која беа утврдени конкретни мерки за деблокирање на депонијата Краста, обезбедување редовно и безбедно управување со отпадот, заштита на јавното здравје и засилен надзор. Активностите ќе се реализираат со координирано учество на надлежните институции и локалното население.