Здружението „Доверба“ Куманово во соработка со основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ денеска во Занаетчискиот дом одржа завршна манифестација на проектот „Училиште со глас- училиште без страв“, посветен на заедништвото, поддршката и охрабрувањето на учениците. Во рамките на проектот се реализирани обуки за наставници и ученици, а пак учениците своите знаења ги пренеле на врсниците преку едукативни работилници.
„Целта е да се создаде инклузивна, побезбедна и поподржувачка средина за младите“, порачува Дивна Јанкова, претседателка на здружение „Доверба“ Куманово.
Проектот е поддржан од Општина Куманово.